Утрински Весник
Македонија

Стартуваат рестриктивните мерки – клуч за кафеаните во 18 часот

Стартуваат рестриктивните мерки – клуч за кафеаните во 18 часот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Стартуваат новите рестриктивни мерки коишто ги донесе Владата, по препорака на Комисијата за заразни болести со цел спречување на ширењето на коронавирусот. Со мерките кои ќе бидат во сила до 20 јануари, работното време на угостителските објекти се скратува до 18 часот, а се забранува и организирање и одржување прослави на претстојните новогодишни и верски празници.

Мерките не дозволуваат ниту организирање Нова Година на отворен и затворен простор од физички и правни субјекти. Забранети се и новогодишни прослави кои традиционални го организираа претпријатијата. Во рестриктивните мерки е вклучена и забраната за хотелите за организирање прослави по повод претстојните новогодишни и верски празници.

Во угостителско-сместувачките објекти (хотели, мотели, хостели) и нивните ресторани се ограничува работното време до 21 часот. Тие ќе може да работат исклучиво за пансионските гости и само за време на послужување на оброците. Се ограничува работното време и во кафетериите, баровите и шанковите во угостителските сместувачки објекти до 18 часот.

Со новите мерки се забранува и изнајмувањето викендици и други туристички капацитети за сместување, за групно собирање и организирање прослави по повод претстојните новогодишни и верски празници, освен за лица од едно, исто семејство. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера најави дека ќе биде казниво издавањето на викендички за претстојните празници, за групно славење.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Македонското радио одбележува 81 година од постоењето

Утрово најстудено во Берово, „најтопло“ на Попова Шапка

ВМРО-ДПМНЕ: Ако воопшто ги има, Филипче да ги објави документите од преговорите за работа во Дубаи