Утрински Весник
Спорт

Рома рутински до победа над Торино

Рома рутински до победа над Торино

Рома стигна до убедлива 3:1 победа над Торино во последниот меч од 12. коло во Серија А, доминирајќи над „биковите“ кои поголем дел од мечот го одиграа со 10 играчи.

Вилфрид Синго успеа да добие два жолти картони за 14 минути, ослабувајќи го тимот на Марко Џампаоло, по што „волчицата“ лесно стигна до 2:0 водство на полувреме – Хенрих Мхитарјан во 27. минута стрелаше за 1:0, пред во 43. минута од белата точка Жордан Верету да зголеми на 2:0.

Лоренцо Пелегрини во 68. минута го постигна третиот гол на мечот, пред Андреа Белоти во 73. минута да намали на 3:1. Со победата, Рома е на четвртото место на табелата со 24 поени, колку што има и третопласираниот Јувентус и четири зад лидерот Милан. Торино останува на претпоследното место на табелата со 6 поени, колку што има и претпоследниот Кротоне и само поен зад Џенова на Горан Пандев.

> Рома рутински до победа над Торино <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Шкендија против Самсунспор во нокаут фазата на Лигата на Конференции

Легендата на светското пливање се бори со депресија

ФИФА загрижена поради слабиот интерес за Светското првенство 2026