Утрински Весник
Економија

Компанијата VIVACOM меѓу најбрзорастечките провајдери на сателитски услуги за деловни корисници во светот

Триесет години подоцна Роже Мила жали што не ја победиле Англија (видео)

Водечката бугарска телекомуникациска компанија, VIVACOM, која работи во рамките на United Grоup, е рангирана меѓу првите пет најбрзо растечки провајдери на сателитски услуги за деловни корисници во светот, според Светската асоцијација за сателитски комуникации (WTA).

Во рамките на United Grоup, водечкиот телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа, во С. Македонија работи компанијата Тотал ТВ.

Компанијата VIVACOM се најде на петтото место на листата на „Fast 10“за 2020 година. WTA објавува годишно рангирање на компаниите кои се занимаваат со пренос на сателитски сигнали за комерцијални цели. Критериум за рангирање е растот на годишните приходи во последната фискална година.

Листата „Fast 10“ за 2020 година можете да ја погледнете на следниов линк.

VIVACOM управува со еден од најголемите и најмодерните објекти за сателитска комуникација во регионот, Плана Телепорт, кој има антени насочени кон некои од најпопуларните сателити кои ја покриваат Европа, Африка, Латинска Америка, Блискиот исток и Азија, овозможувајќи видео и VSAT услуги во спомнатите региони.

Нивните корисници на сателитски услуги се едни од најголемите медиумски корпорации во светот, сателитски оператори, бродски компании и системски интегратори. Плана Телепортот исто така обезбедува услуги на сателитската платформа на United Grоup, Тотал ТВ, која е водечка DTH платформа (direct-to-home) во Југоисточна Европа, односно кабелска преку сателит.

VIVACOM обезбедува интернет услуга во едно од најтешко достапните места во светот – Антарктикот, како и сателитска врска со бродови во Црното, Црвеното, Северното и Средоземното море и пренос на податоци до корпоративни клиенти во Латинска Америка.

За повеќе информации за сателитските услуги на компанијата VIVACOM и Плана Телепортот, посетете ја интернет-страницата.

За United Group:

United Group е водечки телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа, со седиште во Амстердам. Преку значителни инвестиции во дигитална инфраструктура, содржини и технологија, таа обезбедува водечки услуги за корисниците низ целиот регион. За 20 години деловно работење, United Group има преземено и успешно интегрирано повеќе од 100 компании. Секоја година одвојува значителни средства за развој на дигитална инфраструктура, оригинални медиумски содржини и технологија. United Group е во сопственост на BC Partners, една од најголемите глобални инвестициски компании во светот, од март 2019 година и работи во осум земји.

Заповеќе информации посетете ја https://united.group.

 

 

(ПР текст)

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ одби амандман за набавка на еколошки автобуси

Стојаноски: Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ постигна историски договор со најниска каматна стапка за стопанството

Денови на финансиска писменост – 24info.mk