Шведскиот крал Карл XVI Густаф смета дека неговата земја не успеала со својата стратегија за борба против коронавирусот да ги заштити старите лица од последиците на пандемијата на Ковид-19.
„Мислам на сите членови на семејствата кои не успеаја да се збогуваат од своите починати“, рече кралот во божикното интервју што ќе се емитува на 21 декември на шведската национална СВТ.
Неговите коментари следуваа по заклучоците на независна комисија која ја проучуваше стратегијата на Шведска за борба против пандемијата, во која се наведува дека грижата за стари лица во Шведска има големи структурни недостатоци и дека властите се покажале неподготвени да одговорат на пандемијата.
Шведска се издвојуваше меѓу европските и другите земји по начинот на справување со пандемијата, не барајќи затворање долго време и потпирајќи се на чувството за граѓанска должност на нејзините жители.
Во септември, Шведска ја укина забраната за посета на корисници на домови за стари лица, проследена со забрана откако повеќето смртни случаи беа пријавени на почетокот на оваа година кај луѓе постари од 70 години, од кои многумина беа во старски домови.
Во Шведска се забележани речиси 7.700 смртни случаи поврзани со Ковид-19.