Почнувајќи од денска (17.12.2020), па сè до крајот на месец декември, американскиот издавач на видео игри, Epic Games, ќе започне со понуда на 15 бесплатни игри распоредени во 15 денови за да ги прослави празниците.
Сè што ќе биде потребно за да се учествува и да се земе играта-подарок е да се креира бесплатен профил на Epic Games. Засега не е познато кои игри ќе бидат дел од понудата. Првата ќе биде откриена денеска, но според искуството од минатата година се очекува понуда на неколку одлични игри. Освен бесплатите игри, најавено е и намалување на цените на другите производи на Epic Games.
Слична промоција имаше и минатата година кога беа промовирани 12 игри, меѓу кои Into the Breach, Celeste, Ape Out и Superhot.
Epic Games и во моментов нуди бесплатни игри кои се обновуваат неделно. Во моментов e овозможено бесплатно симнување на игрите Pillars of Eternity: Definitive edition и Tyranny: Gold edition.