Утрински Весник
Култура

Играниот филм „Mими“ поддржан и во Хрватска

Играниот филм „Mими“ поддржан и во Хрватска

На седницата на Хрватскиот аудиовизуелен совет што се одржа на 15 декември се одлучуваше за распределба на средства во рамките на конкурсот, во последниот рок за оваа година, меѓу другите и за поттикнување на филмски копродукции со малцинско учество на Хрватска. Задоволство ни е да ве информираме дека Хрватскиот аудиовизуелен центар-ХАВЦ одобри поддршка за нашиот најнов проект – долгометражниот игран филм со работен наслов „Mими“, сценарио и режија на Даријан Пејовски. Со тоа Хрватска, преку продукциската куќа „Максима филм“, и официјално се вклучува како земја копродуцент на овој филм.

„Мими“ е психолошка драма за девојка која, потисната од родовите предрасуди во родниот крај, доаѓа да живее во Скопје. Се запознава со eкстровертната Сара и меѓу нив се раѓа пријателство што набрзо преминува во опсесија. Мими е филм за површноста и лажните фасади што ги покажуваме пред другите.

Главната улога ја толкува Наталија Теодосиевска, а во филмот играат и: Тамара Ристоска, Оливер Митковски, Петар Мирчевски, Сашко Коцев, Дениз Абдула и др.Кинематографер е Дејан Димески, сценографијата е на Игор Тошевски, дизјан на звук – Игор Поповски, костимите се на Емилија Ивановска Атанасовска, а шминката на Ива Куробаса.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“