Утрински Весник
Свет

Русија: Помеѓу 10 и 15 отсто од населението е имуно на Ковид-19

Русија: Помеѓу 10 и 15 отсто од населението е имуно на Ковид-19

Помеѓу 10 и 15 отсто од населението во Русија е имуно на коронавирус, а тој имунитет може да трае неколку години, тврди Петар Чумаков, експерт од Институтот за молекуларна биологија Ингелхард при Руската академија на науките.

Според него, тоа е можно ако лицето имало друг коронавирус.

„Можеби таа личност сè уште има Т-клетки, односно клеточен имунитет што го препознава и овој нов коронавирус, тој е заштитен од повторна инфекција“, рече Чумаков во интервју за агенцијата УРА.РУ.

Тој исто така тврди дека луѓето кои неодамна имале грип имаат мали шанси да се заразат со коронавирусот затоа што во крвта имаат многу антивирусен протеин интерферон, што спречува нова инфекција, пренесува ТВ Звезда.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЕУ сè уште зависи од руските енергетски извори

Почнаа подготовките за трилатералниот самит на Путин, Трамп и Си

Како и зошто метеоролозите им даваат човечки имиња на бурите?