Утрински Весник
Спорт

Интер со пенал-победа го доби Наполи, Џенова го исфрустрира Милан

Интер со пенал-победа го доби Наполи, Џенова го исфрустрира Милан

Интер стигна до 1:0 победа над Наполи во дербито на 12. коло во Серија А, одбележано со пенал и контроверзен црвен картон за Лоренцо Инсиње, додека Милан втор натпревар во низа се спасуваше од пораз од нископласиран противник, стигнувајќи до фрустрирачко 2:2 реми кај Џенова. Со овие резултати, Интер се доближи на само еден поен од лидерот и градски ривал Милан.

Клучниот момент на „Џузепе Меаца“ се случи во 73. минута, кога беше досуден пенал за Интер, нешто што екстремно го налути Лоренцо Инсиње кој по расправијата со судијата Давиде Маса доби директен црвен картон.

На „Луиџи Ферарис“ пак, Џенова двапати водеше со головите на Матија Дестро, но Милан двапати се враќаше за на крајот да извлече 2:2 реми со голот на младиот француски бек, Пјер Калулу.

СЕРИЈА А, 12.КОЛО

Џенова – Милан 2:2

Интер – Наполи 1:0

Фиорентина – Сасуоло 1:1

Парма – Каљари 0:0

Специја – Болоња 2:2

Верона – Сампдорија 1:2

> Интер со пенал-победа го доби Наполи, Џенова го исфрустрира Милан <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Кими Антонели победник на трката за Големата награда на Јапонија

Сабаленка влезе во историјата го освои Саншајн Дабл

Претседател на македонски фудбалски клуб фатен со шверцувано злато во Турција