Курсот на еврото денеска на меѓународните пазари надмина 1,22 доари за прв пат од април 2018 година, под влијание на силните индикатори на еврозоната и надежите на инвеститорите за напредок во трговските преговори меѓу Велика Британија и Европската унија.
Kурсот на еврото околу пладне беше 1,2197 американски долари, што значи дека валутата зајакнла 0,35 проценти од претходното затворање. Со тоа се движи околу 1,22 долари, ниво што го надмина за прв пат од април 2018 година.
Активностите во економијата на еврозоната се стабилизираа во декември, поддржани од силниот производствен сектор, покажа во средата извештајот на компанијата „Маркит“. Индексот на менаџерите за набавка во приватниот сектор во еврозоната се зголеми за 4,5 поени во декември во однос на претходниот месец, на 49,8 поени, близу 50 поени што го делат растот од намалената активност.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најголеми светски валути, околу пладне изнесуваше 90,20 поени, ослабувајќи 0,3 проценти од претходното затворање. Во текот на утрото, се лизна на 90,127 поени, што е најниско ниво од април 2018 година.
Еврото зајакнува од мај, кога Европската унија објави формирање фонд за закрепнување на нејзината економија од коронакриза и оттогаш влаутата зајакна за скоро 13 проценти. Податоците за економската активност на еврозоната во последниве месеци исто така ги поддржаа очекувањата дека Европа остварува подобри резултати од САД.