Утрински Весник
Македонија

Царовска: Предметот историја не се укинува, туку се спојува во општествени науки, а биологија и хемија во природни

Царовска: Предметот историја не се укинува, туку се спојува во општествени науки, а биологија и хемија во природни

Министерката за образование, Мила Царовска смета дека нема ништо спорно во спојувањето на предметот историја во општествни науки, исто како што биологија и хемија се интегрираат во природни.

Прашана за најавите за спојувањето на овие предмети и реакциите на социјалните мрежи, таа рече дека не се укинува предметот историја туку се интегрира во општествените науки, а целта е децата да не помнат само факти, туку критички да размислуваат.

„Концепцијата е развојна, се базира на истражувања кои се домашни и меѓународни, но истотака и на анализа на добро поставени концепти за основно образование кои даваат одлични резултати кај учениците. Ваквиот интегриран пристап на наставни предмети во еден – како главни носечки, но и правото на изборни предмети и вон-наставни содржини е секаде во светот поставен како таков. На тој начин ги учи учениците да не помнат само факти, туку и критички да размислуваат низ тематски пристап. Да го постигнат личниот потенцијал“, рече Царовска.

Таа апелира до учениците и наставниците да ги следат промените. Најави дека ќе има јавна презентација, а во моментот програмата е во фаза на дискусија.

Царовска истакна дека нашите деца учат многу предмети, но само фактографски, без да ги поврзуваат.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Групни и индивидуални маски низ вевчанските улици

Судиите на 29 јануари ќе избираат член на Судскиот совет од редот на судиите од немнозинските заедници

Судот му изрече 17 години затвор на турскиот државјанин кој уби сонародник во кафуле во Штип