Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Ердоган: Турција сака да ja гради иднината со ЕУ

Ердоган: Турција сака да ja гради иднината со ЕУ
Img 7972

Во телефонскиот разговор со претседателот на Советот на Европа, Шарл Мишел, турскиот претседател Таип Ердоган рече дека Турција сака да ја гради иднината со ЕУ.

Тој вети дека ќе го надмине ќор-сокакот и ќе излезе од маѓепсаниот вител во односите меѓу Анкара и Брисел, соопшти кабинетот на Ердоган.

На минатонеделниот самит, лидерите на ЕУ се согласија да подготват список на ограничени санкции за голем број турски граѓани поради спорови со членките на ЕУ, Грција и Кипар, околу експлоатацијата на фосилни горива на истокот на Средоземното море, но дискусијата за потешки санкции беше одложена до март следната година.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека лидерите на ЕУ планираат да разговараат со сојузниците на НАТО на тема извоз на оружје во Турција по притисокот на Атина да воведе ембарго за оружје на Анкара.

Ердоган апелираше до Мишел да се заложи за поконструктивен пристап на ЕУ кон Турција и повтори дека Анкара е подготвена да влезе во билатерални разговори со Атина за спорната експлоатација на фосилни горива во Источен Медитеран, но истовремено го обвини грчкото раководство дека бега од разговори.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Тајмс оф Израел“: Ослободувањето на заложниците ќе започне помеѓу 4 и 6 часот наутро во понеделник

Иран: Поддршката за договорот за Газа не значи одобрување на политиката на САД

Бајден прима хормонска и зрачна терапија поради агресивниот рак на простата