Утрински Весник
Магазин

Бен Афлек ќе игра во Дизниевиот „Хари Худини“, но не како магионичар

Бен Афлек ќе игра во Дизниевиот „Хари Худини“, но не како магионичар

Освен што ќе ја репризира улогата на Бетмен за претстојната филмска верзија на „Флеш“, се чини дека Бен Афлек ќе биде зафатен и со друг филмски проект бидејќи е најавено дека ќе глуми во филм за големиот волшебник на 20 век, познатиот мајстор за илузија Хари Худини.

Филмот на „Дизни“ ќе го режира Ден Трахтенберг, а се базира на книгата на Вилијам Калуш и Лери Сломан, „Тајниот живот на Худини – создавањето на првиот американски суперхерој“.

Роден во Унгарија во 1874 година, Хари Худини е професионален магионичар илузионист, мајстор  за бегство познат по своите зачудувачки бегства успевајќи да се ослободи од лисици и врзани јакни или лудачки кошули, на локации како што се стомакот на кит или кутии потопени под вода.

Како и да е, Афлек во филмот нема да ја игра улогата на Худини. Актерот најверојатно ќе се појави како некаков агент.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Светските океани достигнаа рекордно висока температура во јули

Пет животни лекции што повеќето луѓе ги учат предоцна

Шест знаци дека вашето дете мисли дека сте одличен родител