Утрински Весник
Свет

Во САД извршени рекорден број егзекуции од 1800 година

Во САД извршени рекорден број егзекуции од 1800 година

Оваа година, првпат во историјата, во САД биле извршени повеќе смртни казни отколку во сите земји во светот заедно, се вели во годишниот извештај на Центарот за информации за смртните казни од Вашингтон.

По седумнаесетгодишна пауза, претседателот во заминување Доналд Трамп нареди извршување на смртната казна во целост, така што беа извршени рекордни 10 егзекуции во САД во текот на 2020 година, најмногу од 1800 година, објави Асошиејтед Прес.

„Ова никогаш порано не е видено. Дури не се надевавме дека ќе се случи вакво нешто и веројатно ќе помине многу време пред да се повтори вакво нешто, ако некогаш се повтори”, рече Роберт Данам од Центарот.

Администрацијата на Трамп закажа уште три егзекуции во јануари, пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мал авион се урна во австриските Алпи – четири лица загинаа

Големо невреме ја погоди Турција: Авион принудно слета по удар од гром

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 27, меѓу кои девет деца и директорката на кампот