Утрински Весник
Свет

Французинка која го победи коронавирусот го прослави 105 роденден

Французинката Леа Леви, која живее во дом за стари лица на француските Алпи, каде неодамна го прослави својот 105-ти роденден, оваа есен надминала полесната форма на коронавирусот, изјави директорот на таа институција, Стефан Ришар.

Веста беше објавена во локалниот весник „Дофине Либере“, а директорот на домот во Анси вели дека роденденот на Леа бил одбележан соодветно, во согласност со околностите и во друштво на нејзината ќерка.

На присутните им бил подарен букет цвеќе, а сите присутни носеле заштитни маски и немало служење на колачи во согласност со ограничувачките мерки.

„Морам да признаам дека малку се исплашив кога ми се слоши“, изјавила Леа за еден локален весник, додавајќи дека од неодамна е во домот во Анси.

Во овој дом, од 185 резиденти, 109 се разболеле од коронавирусот, а дури 33 починале.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Објавена листа на најпосетувани дестинации во светот

Објавен тестаментот на папата Франциск

Путин е отворен за преговори со Украина за ненапаѓање на цивилни цели