Утрински Весник
Спорт

Хрватките ја „уништија“ Германија, заедно со Франција во полуфинале

Хрватките ја „уништија“ Германија, заедно со Франција во полуфинале

Хрватска и Франција се пласираа во полуфиналето на Европското првенство во ракомет во Данска и Норвешка по победите во последното коло во втората рунда од групната фаза, а откако Норвешка го направи истото претходно, останува уште вечерашната пресметка меѓу Русија и Данска за да се одреди последната репрезентација која ќе се бори за медал.

Хрватките, кои се несомнено најголема сензација на шампионатот, имаа директна пресметка со Германија за второто место во групата 2 зад Норвешка и немаа најдобар старт на мечот. Сепак, до полувремето тие успеаја да израмнат на 12:12, па во второто полувреме да се одвојат и да стигнат до импресивна победа, со 23:20 што ќе се судрат со првопласираната екипа од првата група во полуфиналето. Ана Дебелиќ со 6 гола и Камила Мицијевиќ со 4 гола беа најефикасни кај Хрватките, додека за Германија недоволни беа 9-те гола на Јулија Мејдоф.

Во таа група, Франција прва обезбеди виза во полуфиналето, откако само во првите 30 минути имаа проблем со Швеѓанките, на крајот стигнувајќи до висока 31:25 победа. Естел Нзе имаше 6 гола за Франција, а Александра Лакрабер додаде пет.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО, 2. РУНДА

ГРУПА 1

Црна Гора – Шпанија 26:26 (11:17)

Франција – Шведска 31:25 (14:14)

Данска – Русија 20.30 ч.

Табела: 1.Франција 9, 2.Русија 7, 3.Данска 6, 4.Црна Гора 3, 5.Шпанија 2, 6.Шведска 1

ГРУПА 2

Холандија – Романија 35:24 (16:12)

Хрватска – Германија 23:20 (12:12)

Унгарија – Норвешка 20.30 ч.

Табела: 1.Норвешка 8, 2.Хрватска 8, 3.Холандија 6, 4.Германија 4, 5.Унгарија 2, 6.Романија 0

> Хрватките ја „уништија“ Германија, заедно со Франција во полуфинале <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари