Утрински Весник
Македонија

Царовска на состанок со наставниците: Заеднички создаваме нов македонски модел за основно образование  

Царовска на состанок со наставниците: Заеднички создаваме нов македонски модел за основно образование  

Министерката за образование и наука Мила Царовска, учествуваше на онлајн состанок со директори и наставници од основните училишта на кој разговараа за новата концепција за основно образование која треба да стартува од идната учебна година.
 
Министерката на состанокот истакна дека ставот на наставниците и директорите е исклучително важен во овој процес, значаен за сите, а особено за учениците. Основната цел е сите заеднички да создадеме образование кое е во најдобар интерес на децата и затоа покрај учениците и родителите, во подготовката на концепцијата беа вклучени и самите наставници.
 
„Основното образование е базата на образованието и затоа промените ги започнуваме токму од овде. Новата концепција ќе значи повеќе време во училиште, помалку предмети, односно спојување на повеќе предмети во еден, повеќе интеракција помеѓу наставниците и учениците и помеѓу самите ученици. За сето ова е потребна максимална посветеност на наставниците коишто низ креативен и инспиративен начин низ наставата и дополнителни активности вон наставата ќе го поттикнат полниот потенцијал кај секое дете“, рече Царовска.
 
Со реформите е предвидено учениците да поминуваат повеќе време во училиште, но не само за настава, туку и за други активности и курсеви како што се дополнителен спорт, дополнителни часови по кодирање, дополнителен странски јазик и слично…Сето тоа треба да биде дел од училиштето и со тоа дадеме еднаква шанса на сите деца.
 
Искуствата за подготовка на новата концепција се црпат од десетина европски земји меѓу кои Словенија, Естонија и Финска.  Клучни за промените се и резултатите од меѓународните тестирања, домашните анализи, како и ставовите на наставниците, родителите и учениците, кои даваат јасна слика и во која насока треба да го движиме нашето образование. Сепак, со новата концепција создаваме наш национален македонски образовен систем, бидејќи образованието е нешто што треба да биде национален интерес и национална гордост.
 
На состанокот се обрати и Директорот на Бирото за развој на образование Зеќирија Хасипи, а презентацијата  на концепцијата  ја водеа членови на работната група проф. д-р Виолета Петровска Бешка од Институтот за психологија и Митко Чешларов од БРО.
 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!