Утрински Весник
Свет

Фон дер Лаен: Првите Европејци ќе бидат вакцинирани пред крајот на 2020

Фон дер Лаен: Првите Европејци ќе бидат вакцинирани пред крајот на 2020

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен дeнеска изјави дека првите Европејци веројатно ќе бидат вакцинирани против Ковид-19 пред крајот на годинава, откако Европската агенција за лекови објави дека може да ја одобри вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ на состанокот на 21 декември.

Европската агенција за лекови (ЕМА) oбјави дека состанокот на кој ќе се дискутира за одобрувањето на вакцината може да се помести за 21 декември, наместо претходно закажаниот датум, 29 декември.

„Секој ден е важен, работиме со полна брзина да одобриме вакцина против Ковид-19 што е безбедна и ефикасна. Ги поздравувам вестите од ЕМА. Веројатно првите Европејци ќе бидат вакцинирани пред крајот на 2020 година“, објави на „Твитер“ претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен.

Претходно, германскиот министер за здравство, Јенс Шпан, повика на забрзување на процесот. Велика Британија прва ја одобри вакцината изработена од фармацевтските компании „Фајзер“ и „Бионтек“ и веќе им ја дава на своите жители, а САД вчера ја започнаа својата програма за вакцинација со истата оваа вакцина.

За разлика од САД и Велика Британија, Европската Унија не издава одобренија за итни случаи за вакцинација, што значи дека постапката мора да се спроведе според вообичаената процедура.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЕУ ќе издвои над четири милијарди евра за Украина, најави Фон дер Лајен

Над 30.000 Италијанци на Фејсбук споделувале интимни фотографии на жени

Лукашенко во телефонски разговор со Трамп се заложил за прекин на воените акции во Украина