Утрински Весник
Магазин

Оливер Стоун прими руска вакцина против коронавирус

Оливер Стоун прими руска вакцина против коронавирус

Американскиот режисер Оливер Стоун ја прими руската вакцина против Kовид-19 и изјави дека не му е јасно зошто ја игнорираат на Запад.

„Ја примив вакцината пред неколку дена. Сè уште не знам колку е ефикасна руската вакцина, но имам слушнато многу позитивни реакции на неа”, изјави Стоун за рускиот Прв канал, пренесува „Спутник“.

Во август, Министерството за здравство на Русија ја регистрираше првата вакцина во светот за спречување на Ковид-19, која беше развиена од Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ во соработка со Рускиот фонд за директни инвестиции.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Како да ја вратите мотивацијата, фокусот и чувството за контрола врз секојдневниот живот

Во близина на Фукушима се појавиле диви свињи кои брзо се размножуваат

Најевтините и најскапите градови во Европа за туристите