Утрински Весник
Македонија

(Видео) Кузеска: И по шест порази, Христијан Мицкоски никако да ја научи лекцијата

(Видео) Кузеска: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат став за клучните прашања и шират лажни вести

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во континуитет од 2017 години губи на сите избори и упорно продолжува со деструктивните политики кои се на штета на граѓаните, изјави на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

„Мицкоски како носител на листата на Град Скопје на локалните избори во 2017 година беше поразен. Беше поразен и една година подоцна на референдумот во 2018 кога граѓаните одлучија да го поддржат Договорот со Грција и кажаа ДА за членство во НАТО и ЕУ. Неговата кандидатка загуби на претседателските избори во 2019 а истата година Мицкоски беше поразен и на предвремените локалните избори во Охрид и Ново Село. Пред само 5 месеци Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ беа поразени на предвремените парламентарни избори, а пред само два дена поразени беа нивните блокади и опструкции во Штип. Поразите на Мицкоски продолжија и во Собранието на Република Северна Македонија кога се гласаа уставните измени, како и кога се гласаше и за Законот на Јавното обвинителство“, рече Кузеска.

Таа вели дека Мицкоски никако да извлече поука и упорно, одново продолжува со опасните политики – не застанува на страната на граѓаните, на страната на државата и прави сè европскиот пат да не успее и тоа само заради една единствена цел – да ја зачува фотелјата во белата палата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ниту еден судија од Велес не прифатил привремено да суди во Кочани, Судскиот совет ја избра Емине Калач

Крешник Бектеши да оди во куќен притвор бара Обвинителството за пожарот во дискотеката Пулс

Собранието го изгласа новиот Закон за енергетика – отворен пазар за граѓаните и повеќе обновливи извори