Утрински Весник
Магазин

Ријана го промовира новиот производ од брендот „Фенти бјути“

Ријана го промовира новиот производ од брендот „Фенти бјути“

Пејчката и претприемачка Ријана е во целосен промо модус за нејзиниот бренд „Фенти бјути“.

Поп-ѕвездата а сега многу успешна деловна жена, во понеделникот се огласи на социјалните мрежи за да ги информира своите фанови, следачи и потенцијални клиенти за достапноста на нејзината пудра Pro Filt’r.

И, кој подобар начин да се помогне во ширењето на веста отколку да се користи сопствена фотографија на убавицата родена во Барбадос, која блеска со заводлив поглед преку рамо и искри во нејзините впечатливи очи, коментираат таблоидите.

И, се разбира, таа го покажа својот беспрекорен тен во реклама на нејзината нова „Фенти скин“ линија што ја лансираше во јули.

 

Во 2019 година, Ријана ја симна Мадона од тронот и стана најбогатата жена во музичката индустрија. Минатата година, Ријана беше на врвот на листата на „Форбс” на најплатени жени кои сами го стекнале своето богатство.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста