Во Битола по втор пат, се одржува меѓународниот натпревар „Пијанофест 2020“, на кој учествуваат 148 натпреварувачи од 19 држави од целиот свет: Македонија, Албанија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Германија, Италија, Малта, Литванија, Црна Гора, Молдавија, Белорусија, Хрватска, Израел, САД, Романија, Словенија, Јужна Кореа и Косово.
Натпреварот го организира здружението „Пијано”, чии основатели се пијанисктите од Битола, Јана Четелева Белевска и Марија Шамоска Буџаковски.
Оваа година, поради ситуацијата со Ковид- 19, натпреварот се одржува онлајн. Натпреварувачите ќе бидат оценети од жири во состав: Даница Стојанова – Македонија, Милица Шкариќ – Македонија, Петар Младеновиќ – Србија и Маргарита Вујовиќ – Русија, Србија.
Во тек се оценувањата на пријавените натпреварувачи од страна на стручното жири, по што, после 20 декември, ќе бидат објавени резултатите и лауреатите. За најдобрите, ќе бидат доделени и парични награди. „Пијанофест“ е нова успешна приказна за Битола, која го претставува градот и го популизира не само во домашни, туку и во светски рамки.