Утрински Весник
Свет

Комшиќ и Џаферовиќ одбија да се сретна со Лавров

Комшиќ и Џаферовиќ одбија да се сретна со Лавров

Двајца членови од Претседателството на Босна и Херцеговина нема да присуствуваат на состанокот со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, пренесуваат босанските медиуми.

Босанскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ и хрватскиот член, кој во тоа тело е избран со босански гласови, Жељко Комшиќ, одлучија да го бојкотираат состанокот со шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.

Рускиот министер за надворешни работи втор ден е во посета на БиХ, а за денеска беше планирана средба со трочленото претседателство на БиХ.

Како што пренесува Кликс.ба, најпрво хрватскиот член на Претседателството, Жељко Комчиќ одбил да се сретне со Лавров. Која е причината за тоа не е познато, а Комшиќ најавил прес-конференција на која ќе ги каже деталите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп ги подржа демонстрантите во Иран

Шведска бара од ЕУ да го забрани извозот на луксузни производи во Русија

Четири танкери за нафта нападнати со дронови во Црното Море