Утрински Весник
Економија

Над 70.000 италијански фирми под клуч поради пандемијата

Над 70.000 италијански фирми под клуч поради пандемијата

Речиси 73.000 компании во Италија го прекинале работењето поради пандемијата, покажува истражувањето на италијанскиот завод за статистика „Истат“.

„Истат“ го спровел истражувањето меѓу нешто повеќе од милион компании во периодот од 23 октомври до 16 ноември, се вели во соопштението. Се работи за компании од секторите индустрија, градежништво, трговија и другите услужни сектори.

Бројката од скоро 73.000 чини приближно седум проценти од вкупниот број анкетирани компании. Од таа бројка, приближно 55.000 компании очекуваат повторно да започнат со работа во иднина, додека речиси 17.500 се засекогаш затворени.

Истражувањето на „Истат“ понатаму покажа дека нешто повеќе од 700.000 компании работат нормално, додека скоро 244.000 се делумно отворени.

Огромен дел или 85 проценти од затворените фирми, се мали компании со помалку од девет вработени. Обично се работи за спортски центри, мали хотели, продавници и обложувалници.

„Истат“ објави дека во периодот од јуни до октомври, повеќе од две третини од компаниите пријавиле пад на прометот во споредба со истиот период минатата година, а дополнителни загуби во периодот од декември до февруари очекуваат 61,5 проценти од нив.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

СДСМ: Состојбата е алармантна, над 11.000 фирми не исплатиле плати, владата има 900 милиони евра неисплатени обврски

СДСМ: Стандардот на граѓаните постојано се намалува а власта одбива да ги покачи платите

ВМРО-ДПМНЕ: Добивме три арбитражни постапки и во Буџетот заштедивме 565 милиони евра