Утрински Весник
Економија

Кутија тутун проценет во погрешна класа отворена во присуство на министерот Хоџа

Кутија тутун проценет во погрешна класа отворена во присуство на министерот Хоџа

Министерот за земјоделство Арјанит Хоџа денеска го посети откупниот пункт за тутун на „Сокотаб“ во населба Драчево, со цел утврдување на состојбата со проценката на тутун по класи, предаден на второстепена комисија.

Како што информираат од ресорното министерство, второстепената комисија во присуство на Хоџа повторно отворила и проценила 12 кутии тутун.

При тоа само во една од оспорените кутии било утврдено дека има грешка при проценката, односно дека наместо втора класа, тутунот бил проценет како трета класа.

Министерот Хоџа ги повика сите учесници во процесот да бидат трпеливи, бидејќи само на тој начин ќе може да се дојде до решение на проблемите.

Во следните неколку дена, министерот секојдневно ќе биде присутен на терен, на различни откупни пунктови во државата.

Истовремено и Државниот инспекторат продолжува со секојдневните активности на редовна контрола на откупниот процес при што за сите регистрирани неправилности, инспекторите ќе постапуваат согласно нивните надлежностидефинирани со закон, информираат од надлежното министерство.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Левица: АЛТА банка ги отвара и партиските досиеја: од Зечевиќ до баџанакот на Тошковски – кој ја надгледува банката, а кој го одобрил преземањето

Од 5 ноември ќе се врши исплата на средства за граѓаните без платежни картички во главната филијала во Битола на АЛТА банка

Победата на демократите ги потресе светските берзи