Утрински Весник
Магазин

Џастин Бибер повеќе ужива во обичајот на китење елка со Хејли

Џастин Бибер повеќе ужива во обичајот на китење елка со Хејли

Џастин Бибер влезе во божиќниот дух со украсување на новогодишната елка заедно со сопругата Хејли Бибер.

Поп-ѕвездата сподели видео на својот Инстаграм-профил за да им даде на своите 152 милиони фанови и следачи неколкуминутен поглед на нивниот дом и празнично време додека поставуваат светилки и украси со Хејли.

Со многу љубов и празнично расположение во воздухот, пејачот напиша емотивна порака во која вели дека сега, кога е со сопругата, повеќе ужива во традицијата на китење на елката.

„Многу е подобро со тебе, бејби “, 26-годишниот Џастин ја наслови објавата на која има фотографија на која се гледа како тој го кити дрвото сам во 2017 година, и веднаш до неа друга, на која тој и Хејли го споделуваат искуството во 2020 година.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Девет симптоми дека имате работа со нарцисоидна личност

Колку часа кучето смее да остане само дома?

Дневен хороскоп за 05 ноември 2026 година