Утрински Весник
Економија

Се зголемуваат цените на бензините и на дизелот

Се зголемува цената на бензините и на дизелот

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денар/литар, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,00 денар/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,081 ден/кг.

Од 15.12.2020 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 60,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 62,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 53,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 53,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 28,287 (денари/килограм)

„ Корекцијата на малопродажните цени следува по регистрираниот раст на сите нафтени деривати на светските берзи во изминатиот седумдневен период. ОПЕК и неговите партнери на последниот состанок договориле помало зголемување на производството од претходно најавеното. Имено, од јануари 2021 година колективното производство ќе се зголеми за само 0,5 милиони барели дневно (mbd), што е четири пати помалку од претходно планираните 2 милиони барели дневно (mbd). Дополнително договорено е производството потоа да се следи и да се прилагодува на месечно ниво. Веста за успешното испитување на вакцината против корона вирусот што навестува брза имунизација и враќање во нормала, се очекува да влијае со зголемување на патувањата во меѓународниот авиосообраќај. Целиот позитивен развој со вакцината и очекувањата влијаеше и врз светската берза, па така цените на фјучерсите за Брент нафтата од почетокот на ноември до сега пораснале за 11 УСА $/ barel односно за 30%, бидејќи трговците очекуваат брзо оправувања на потрошувачката со нафта и значајно намалување на глобалните залихи“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Германија ја преполовува квотата за работници од Западен Балкан од 2027 година

За две децении производството на мед намалено од 30 на три килограми од пчелно семејство, 2026 година една од најслабите

Повторно раст на цените на нафтата