Утрински Весник
Економија

Владата го зголеми капиталот на Развојна банка за поголема поддршка на приватниот сектор

Развојната банка објави јавен повик до компаниите за продолжување на грејс периодот за отплата на бескаматните кредити

На својата 29-та седница Владата донесе одлука за зголемување на почениот капитал на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје за 3 милиони евра. Целта на зголемувањето на капиталот на банката е зголемување на поддршката на приватниот сектор, а особено поддршката на извозот во услови на отежнато работење на домашните компании.

Зголемувањето на поддршката на приватниот сектор ќе се реализира преку проширување на портфолиото на банката со издавање на царински гаранции. Царинските гаранции беа предвидени со четвртиот сет економски мерки за ревитализирање на економијата. Со овој производ, ќе се олесни увозот на материјали заради облагородување кој се реализира како извоз во форма на производи и услуги.

Преку Развојна банка на Северна Македонија досега се реализираа две бескаматни кредитни линии за поддршка на микро, мали и средни компании со кои се поддржаа околу 1.400 компании со 18 илјади вработени. Дополнително, преку Развојна банка се ставија на располагање на приватниот сектор 50,9 милиони евра поволни кредити од ЕИБ кредитната линија за проекти на 189 компании кои треба да вработат нови 605 лица.

Тековно Развојна банка ја реализира третата бескаматна кредитна линија со грант компонента за микро и мали трговски друштва, ТП и занаетчии, за која поднесувањето на кредитни барања започнува во среда на 16 декември 2020 година од 00:01 часот на полноќ. Третата бескаматна кредитна линија се реализира со финансиска поддршка до 30 милиони евра од Европската Унија преку активноста ЕУзаОтпорност од ИПА програмата, како и од буџетски средства во износ од 1 милион евра. Јавниот повик и пропратните документи се достапни на веб – страницата на банката.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ одби амандман за набавка на еколошки автобуси

Стојаноски: Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ постигна историски договор со најниска каматна стапка за стопанството

Денови на финансиска писменост – 24info.mk