Утрински Весник
Свет

„Кjурвак“ ја почна третата фаза на тестирање на вакцината против коронавирус

„Кjурвак“ ја почна третата фаза на тестирање на вакцината против коронавирус

Германската биотехнолошка компанија „Кjурвак“ ја почна 2b/3 фазата на клиничките испитувања на вакцината против Ковид-19, соопшти компанијата.

Истражувањето, кое е важно за добивање одобрение од регулаторната агенција, служи за проверка на безбедноста и ефективноста на вакцината кај возрасните.

Повеќе од 35.000 луѓе во Европа и Латинска Америка се очекува да учествуваат во истражувањето, се додава во соопштението.

„Кјурвак“ наведува дека целта на студијата е да се покаже ефективноста на кандидатите за вакцина во спречување на потврдени случаи на Ковид-19, како и умерени и тешки форми на оваа болест кај учесници кои никогаш не биле заразени со коронавирус.

Потенцијалната вакцина на оваа компанија е една од неколкуте слични германски проекти што Владата во Берлин ги поддржа со околу 750 милиони евра. Европската комисија веќе обезбеди снабдување до 405 милиони дози од оваа вакцина.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп потпиша извршна наредба за укинување на санкциите врз Сирија

САД дќе му продадат муниција на Израел во вредност од 510 милиони долари

Европа „под вршник“ – во Португалија измерени 46,6 степени