Утрински Весник
Свет

Русија го продолжи ембаргото за увоз на храна од ЕУ и Велика Британија

Русија го продолжи ембаргото за увоз на храна од ЕУ и Велика Британија

Руската влада ги продолжи специјалните економски мерки (ембарго за увоз на храна) против ЕУ до 31 декември 2021 година.

Обединетото Кралство и Северна Ирска се вклучени во списокот на ембарго, откако ја напуштија ЕУ, покажува документот.

Во исто време, продолжени се обврските за уништување на увезените производи кои се под санкции.

Владата ги продолжи контрасанкциите во согласност со указот на претседателот Владимир Путин, кој тој го потпиша на 21 ноември.

Eмбаргото за увоз на храна беше воведено во август 2014 година за производи од земјите членки на ЕУ, САД, Австралија, Норвешка и Канада. Подоцна, списокот беше проширен на Украина и на некои други европски земји. Санкциите беа реципрочна мерка за воведувањето рестриктивни мерки од страна на ЕУ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Велика Британија: Температурата во училниците повисока од 40 степени Целзиусови

Јапонската вселенска агенција го изведе првиот пробен лет на ракета за повеќекратна употреба

Извор за иранските медиуми изјавил дека нема да има преговори додека САД не се повлечат од своите ставови