Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Артета: Џака? Не можам да прифатам такво однесување

Артета: Џака? Не можам да прифатам такво однесување
300x250 opst2

Арсенал, синоќа, го доживеа четвртиот пораз во низа на домашен терен. По Астон Вила, Лестер и Вулверхемптон, бодовите од Лондон ги однесоа и фудбалерите на Барнли. Исклучувањето на Гранит Џака им ја олесни работата на гостите, со играч повеќе на теренот тие постигнаа гол, со кој прв пат во својата историја славеа во дуелите со Арсенал.

Арсенал, по 12 одиграни натпревари во Премиер лигата има само 13 поени. Тимот на менаџерот Микел Артета се наоѓа на 15 место на табелата.

Покрај со играта и неефикасноста, Артета има проблем и со дисциплината на своите фудбалери. Џака беше исклучен откако се обиде физички да се пресмета со еден од противниците, а блиску до црвен картон беше и Ел Нени, на кого судијата му пригледа „низ прсти“.

„Се фрливме во вода кога беше исклучен Џака. Во тој момент го загубивме натпреварот. Неприфатливо е неговото однесување. Направи голема грешка, тоа не одведе во пораз. Бевме подготвени, знаевме дека мораме да победиме, но тоа е тешко кога имате 10 играчи на теренот“, рекол Артета.

Арсенал во наредното коло, веќе во среда, ќе го пречека Саутемптон, кој игра во одлична форма и се наоѓа на четвртото место на табелата.

> Артета: Џака? Не можам да прифатам такво однесување <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица