Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

САД: 16-годишно момче ги застрелало родителите и двајцата помали браќа

Осумгодишно момче убиено во пукање во САД
300x250 opst2

Шеснаесетодишник во САД во ги убил родителите и своите двајца помали браќа. Трагедијата се случила во семејната куќа во Западна Вирџинија. Маж, жена, тригодишно дете и 12-годишник биле пронајдени мртви во неделата околу 10:40 часот.

Убиецот ги застрелал и ги оставил на подот, а ги пронашол роднина кој решил да ги посети откако не одговориле на неговите повици, пишува Дејли меил. Влезната врата од куќата била отклучена, па човекот влегол внатре. Тој имал што да види – четирите мртви тела на петчленото семејство лежеле на подот.

Најстариот син не бил во куќата, но подоцна е пронајден од полицијата. По истрагата, судот објави дека имаат осомничен кој ќе биде уапсен и обвинет за четирикратно убиство, но тие не дадоа информации за кого точно станува збор. Се шпекулира дека тоа може да биде 16-годишниот син.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Фон дер Лајен: Не смееме да паднеме во стапицата на Путин за поделби во ЕУ

Орбан: Унгарија не треба да го воведе еврото, бидејќи ЕУ се распаѓа

Цената на златото достигна нов рекорд поради страв од американската „блокада“ на администрацијата и очекувањата за намалување на каматите