Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Дурент се врати по 552 дена, Авдија имаше совршено деби за Вашингтон

Дурент се врати по 552 дена, Авдија имаше совршено деби за Вашингтон
300x250 opst2

Кевин Дурент официјално се врати на кошаркарските терени. Еден од најдобрите играчи во НБА лигата, минатата сезона ја пропушти поради тешката повреда. Дурент, во финалната серија, во 2019 година, против Торонто, како играч на Голден стејт ја скина Ахиловата тетива.

Дурент, во меѓувреме се пресели во Бруклин Нетс. Изминатата ноќ тој го дебитираше за Бруклин. Дурент од терените отсуствуваше точно 552 дена.

На теренот мина 23 минути, постигна 15 поени (шут 5/12) и забележа по три скока и асистенции.

Бруклин на крајот го добија претсезонскиот дуел со Вашингтон Визардс 119:114.

Во дресот на Вашингтон дебитираше деветтиот пик од драфтот, Дени Авдија. Синот на поранешниот играч на Црвена звезда, Зуфер Авдија, не промаши од поле, мечот го заврши со 15 поени. Авдија постигна три тројки од исто толку обиди и ги погоди трите шута за два поени.

На другите натпревари Сакраменто го победија Портланд 121:106, Детроит беа подобри од Њујорк 99:91, Чикаго славеа над Хјустон 104:91, а Атланата славеа над Орландо 116:107.

> Дурент се врати по 552 дена, Авдија имаше совршено деби за Вашингтон <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица