Утрински Весник
Македонија
Img 7972

ДС: Политичарите од Бугарија водат предизборна кампања преку манифестирање национализам против Македонија

Павле Трајанов бара промена на изборниот модел во една изборна единица
Img 7972

Демократскиот сојуз смета дека политичарите од Република Бугарија водат предизборна кампања преку манифестирање на национализам против Македонија, македонскиот народ и јазик. Од ДЗ сметаат дека партиите кои се со силна антимакедонска кампања веќе го зголемиле партискиот рејтинг, независно од штетата што ја направиле помеѓу двете држави и народи.

„Секојдневно пласираат дезинформации и невистини, ја редефинираат историјата, образложуваат зошто Бугарија ставила вето на евроинтегративниот процес на Македонија и во суштина носителите на високи партиски и државни функции во Бугарија се натпреваруваат со тешки навреди спрема Македонскиот народ, а крајната цел е да добијат политички поени. Ваквата предизбирна кампања и натаму ги труе и влошува односите помегу двете држави, но таа кампања е поефективна доколку сите тие национал-шовинистички изјави јавно ги коментираме.
Наш став е дека треба да ги оставиме тие самите да се гушат во национализамот и ниското ниво на комуникација. Фрлајќи кал по нас тие ќе заглават во истата“, велат од Демократскиот сојуз.

Од таму велат дека Македонија е суверена држава, со своја автентична историја, народ и јазик.

„Наместо да кукаме, ние треба како држава да подготвиме Акциски план за приоритетните реформи и имплементација на европските вредности и да се движиме по патот кон Европската Унија. Потребни се реформи на судскиот систем, ефикасна борба против криминалот и се разбира справување со пандемијата и прилагодување на економијата во услови на тешка здравствена криза“, велат од ДС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Двајца уапсени по тепачка пред ресторанот „Дукат“ во Капиштец

Филипче: Тоа што СДСМ го создаде ДПМНЕ го руши, укинати здравствените услуги во Неготино

Почина момчето, кое со мотоцикл удри во џипот на пратеник од Левица