Утрински Весник
Свет

Стотици ученици се исчезнати по напад на училиште во Нигерија

Стотици ученици се исчезнати по напад на училиште во Нигерија

Стотици ученици се водат како исчезнати по напад во средно училиште во северозападна Нигерија.

Напаѓачите стигнале со моторцикли и почнале да пукаат во воздух, поради што луѓето почнале да бегаат, рекле очевидци, пренесе Би-би-си.

Напаѓачите синоќа го нападнале државното средно училиште за наука, со повеќе од 800 ученици. Спасени биле над 200 ученици, а во потрагата по исчезнатите се придружила и војската и авијацијата.

Жителите кои живеат во близина на интернатот за момчиња, рекле за Би-би-си дека слушнале пукање околу 23 часот и дека нападот траел повеќе од еден час.

Обезбедувањето во училиштетот успеало да одбие некои од напаѓачите пред да стигне полицијата, соопштија властите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Телефоните на германските министри и пратеници биле цел на напади од шпионски софтвер

Хакери ја зголемија температурата на фрижидерите во над 70 продавници во Белгија, Луксембург и Шведска

Прин: Насилството на улиците покажува дека треба да се подобри интеграцијата на мигрантите во Германија