Утрински Весник
Спорт

Ферстапен на пол-позицијата во Абу Даби, за „влакно“ пред Ботас и Хамилтон

Ферстапен на пол-позицијата во Абу Даби, за „влакно“ пред Ботас и Хамилтон
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Макс Ферстапен ја осовои пол-позицијата, во пресрет на последната трка во сезоната, Големата награда на Абу Даби. Ова е прва пол-позиција за возачот на Ред Бул уште од Бразил во 2019 година, а вкупно четврта во неговата кариера.

Ферстапен, во борбата за пол-позицијата, ги победи возачите на Мерцедес, Валтери Ботас и Луис Хамилтон, кој повторно вози, откако поради коронавирусот ја пропушти минатата трка.

Борбата за пол-позицијата кулминираше во псоледните минути од квалификациската сесија, на крајот најбрз беше Верстепен со време 1:35.246 минути. Холанѓанецот беше побрз од Ботас за 0.025 секунди и за 0.086 од Хамилтон.

Блескаше во квалификациите и возачот на Мекларен, Ландо Норис, кој ја освои четвртата позиција.

Во првите десет се пласираа уште: Алекс Албон (Ред Бул), Карлос Саинц (Мекларен), Данил Квајт (Алфа Таури), Ленс Строл (Рејсинг Поинт), Шарл Леклер (Ферари) и Пјер Гасли (Алфа Таури).

Трката за Големата награда на Абу Даби, на патеката „Јас Марина“, утре ќе започне во 14.10 часот.

> Ферстапен на пол-позицијата во Абу Даби, за „влакно“ пред Ботас и Хамилтон <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Роналдо не гласаше за најдобар играч на сезоната на ФИФА

Њујорк го победи Сан Антонио во финалето на НБА Купот

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер