Утрински Весник
Економија

Макстил: Работиме според А дозвола која го пропишува нивото на бучава

Макстил: Работиме според А дозвола која го пропишува нивото на бучава

Макстил ја поздравува работата на инспекциските служби, кои вчера спроведоа вонредна инспекција во кругот на „Железара“, по барање на граѓаните од Гази Баба. Од таму велат дека компанијата работи според имплементирана А дозвола која го пропишува нивото на бучава.

„Изминатиот ден беше направен вонреден инспекциски надзор од страна на ДИЖС за утврдување на емисијата на гасови на мерните точки во Макстил АД. Во очекување на резултатите од лабораторијата на ДИЖС, би сакале да ја информираме јавноста дека според мерните инструменти на Макстил, нема забележани надминувања на дозволените вредности од А интегрираната еколошка дозвола (измерените вредности се многукратно помали од дозволените).

За време на посетата инспекторите информираа дека има поплаки од граѓаните за зголемена бучава по што беа презентирани мерењата на бучавата согласно А дозволата извршени од страна на надворешна акредитирана лабораторија и беше утврдено дека се во рамките на дозволеното.

Покрај Макстил АД, во комплексот на поранешна Железарница работат преку 60 правни субјекти, од кои, за жал, според кажувањето на ДИЖС, голем дел немаат ни основни еколошки елаборати.

Приоритет ни е како компанија почитување на сите законски обврски и сигурни сме дека во секој момент производниот процес работи според А интегрираната еколошка дозвола.

Ја поздравуваме професионалноста и ангажираноста на инспекциските служби и ги охрабруваме и понатаму да продолжат со редовни и вонредни контроли и проверки за да се детектираат вистинските учесници кои придонесуваат во загадувањето на Скопје за истото да се спречи за доброто на сите“, се вели во соопштението на компанијата.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Миноски: При купување банка не е доволно инвеститорот да има пари, мора да се провери и неговата репутација

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Гувернерот Славески: Се подготвува исплата на пензиите на 3.500 пензионери без платежни картички, се разгледува можноста за еднократно подигнување до 20.000 денари за нив