Утрински Весник
Свет

Две деца изгореле во пожар во Англија

Две деца изгореле во пожар во Англија

Тригодишно момче и седумгодишно девојче загинаа во пожар во Ејнесбјури, Англија, пренесува „Скај њуз“.

Пожарот избувнал во трикатната куќа околу 7 часот наутро.

Децата биле прогласени за мртви на местото на настанот.

35-годишна жена е пренесена во болница со сериозни повреди, а 46-годишен маж се здобил со полесни повреди.

Се уште се утврдуваат причините за пожарот, а службите за итни случаи се на местото на несреќата.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик

Повеќе од 900 загинати и над 50.000 исчезнати во Венецуела