Утрински Весник
Култура

Вечерва во Битола стрип изложба на млади стрип автори

Вечерва во Битола стрип изложба на млади стрип автори

Вечерва со почеток во 19 часот во хотел Епинал, во Битола ќе се одржи втората по ред стрип изложба, која е дел од проектот „Стрип училиште – Стрипот во интеркултурна едукативна мисија 2020“.

Основна цел на проектот е развој на интеркултурноста, како и деметрополизација на културата во Р.С. Македонија преку едукативни стрип активности наменети за млади од разни етнички групи.

Во проектот учествуваа млади автори меѓу кои: Тамара Мишовска од Скопје, Јана Бутеска (Скопје), Ана Марија Благојевска (Битола), Ангела Димова (Велес), Сибел Исмаилова (Велес), Матеј Богатинов (Велес), Мартина Величковска (Скопје), Марија Арсовска (Велес), Анастасија Недељковска (Куманово), Ана Марија Стефаноска (Скопје), Мерема Сулејмани (Куманово), Андреј Ангелковиќ (Куманово), Јана Танчевска (Битола) и Теодора Крстевска (Битола).

Со цел стимулација на млади таленти од Битола, ќе бидат изложени стрипови и на Елена Марковска, Стефана Димитриевска, Бисера Џесика Харди и Давор Миновски.

Проектот е финансиран од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“