Утрински Весник
Спорт

УЕФА најавува револуционерни промени во Лигата на шампионите

УЕФА најавува револуционерни промени во Лигата на шампионите
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Англиските медиуми пишуваа за големите промени што ги подготвува УЕФА во Лигата на шампионите. УЕФА, планира за четири години да го смени актуелниот систем во Лигата на шампионите, со што ќе им ги расипе плановите, за формирање на Суперлига, на најбогатите европски клубови.

Според новиот формат, за четири години, во Лигата на шампионите нема да се игра фазата по групи. УЕФА, планира да формира лига во која би учествувале 36 екипи. Во таа лига Англија би имала шест клуба, а Германија, Шпанија и Италија по четири.

Англиските тимови, во новиот формат, би одиграле по десет натпревари според швајцарскиот систем. Најдобрите осум тимови, би избориле директен пласман во осмина-финалето. Клубовите пласирани од 9 до 24 место би разигрувале за место во осмина-финалето.

Медиумите во Англија пишуваат дека УЕФА би им гарантирала место во новата лига на Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Ливерпул, Челси, Арсенал и Тотенхем. На овој начин УЕФА би обезбедила големи приходи од телевизиските права.

За новиот формат на Лигата на шампионите ќе се расправа на Конгресот на УЕФА, што ќе се одржи во април наредната година.

> УЕФА најавува револуционерни промени во Лигата на шампионите <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Специјализирани тестирања на олимписките стипендисти за Лос Анџелес 2028

Фудбалските менаџери заработија рекордни пари во 2025

Беќири: Шкендија на натпреварите покажа стабилност