Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Австралија очекува да почне со вакцинација во март следната година

Во Австралија започна најстрогиот карантин, денес не е регистриран ниеден новозаразен
Img 7972

Австралискиот премиер, Скот Морисон, изјави дека неговата влада нема да брза да ја одобри употребата на вакцината против Ковид-19 што ја развија компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“, бидејќи сака Австралијците да имаат доверба во тој производ.

Морисон рече дека Австралија е во поинаква ситуација од Велика Британија, каде вакцинацијата беше итно одобрена, и од САД, кои се во завршна фаза на доделување дозвола за употреба на вакцината.

Австралиската влада очекува вакцината да биде одобрена до крајот на јануари и дека вакцинацијата ќе започне до март.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хамас објави крај на војната во Појасот Газа

Гутереш: ОН подготвени да дејствуваат во Газа

Нобеловиот комитет во понеделникот го одржа последниот состанок пред објавата на добитникот на наградата за мир