Христијан Мицкоски денеска треба да излезе пред јавноста и јавно да се извини на македонскиот народ за сите лаги и хистерии што ги ширеше овој период во однос на македонскиот идентитет и јазик, сметаат од СДСМ.
„Срушени се сите негови клевети и лаги дека се распродавал македонскиот идентитет, дека се распрачувала нашата татковина“, се наведува во партиското соопштение.
Според владејачката партија, скогаш кога се работи за државните и национални интереси, Мицкоски го покажува своето антидржавно и антиевропско лице.
„Се потврди дека се што излегува од устата на Мицкоски е ноторна лага и ова е уште еден негов пораз. Граѓаните тоа одамна го знаат затоа тој и ВМРО-ДПМНЕ уште долго остануваат во опозиција“, стои во соопштението.