Утрински Весник
Технологија

Корисниците ширум Европа пријавуваат проблеми со Фејсбук Месинџер

„Фарми на тролови“ од Македонија работеле за еден од најголемите споделувачи на дезинформации за Ковид-19 на Фејсбук

Најпопуларните социјални мрежи Месинџер, Фејсбук и Инстаграм уште од утрово престанаа да функционираат за корисниците ширум Европа. Дел од нив се жалат дека не добиваат пораки или дека воопшто не можат да се вклучат на социјалните мрежи.

Апликациите во сопственост на Фејсбук покажаа проблеми кон 9 часот изутринава, евидентира алатката DownDetector, која ги следи прекините на Фејсбук.

Повеќе од половина (51 процент) од пријавените проблеми со Месинџер се поврзани со испраќање и примање пораки, 30 проценти се проблеми со конекцијата, а 17 отсто се проблеми со логирањето на социјалната мрежа.

Засега е непознато кои се причините за овие проблеми и уште колку долго ќе траат.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

ПРОДАЖБАТА НА ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОМОБИЛИ ВО ЕВРОПА ВО 2023 ГОДИНА ПОРАСНАЛА ЗА РЕЧИСИ 14 ПРОЦЕНТИ

Jana

Новите очила на „Apple“ најверојатно брзо ќе се распродадат

Jana

ЕУ ги казни „Валв“ и пет други компании поради ограничување на продажбата на видеоигри

META