Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Бугарија ќе со слави 24 Мај како Ден на бугарското образование

Бугарија ќе со слави 24 Мај како Ден на бугарското  образование
300x250 opst2

Бугарија ќе со слави 24 Мај, но под друго име – како Ден на бугарското образование. Ваква одлука донесе бугарскиот парламент. Со измените на Законот за работни односи, во текот на вчерашниот ден, кои добија поддршка од ГЕРБ на премиерот Бојко Борисов, како и од „Обединети патриоти“, празникот од Ден на бугарското образование, култура и словенско писмо се преименува во Ден на светите браќа Кирил и Методиј, за бугарската азбука, образование и култура и за словенската литература, објави БГНЕС.

Георги Гоков од БСП се спротивставил на тоа, со образложение дека Законот за работни односи не е место за решавање на историски спорови. Овој потег, според него, кнема за цел да изгради национална самодоверба и патриотизам, туку да го одвлече вниманието на бугарското општество од сегашните проблеми, пренесува offnews.bg.

Милен Михов од „Обединетите патриоти“ ја споредил позицијата на БСП со изјавата на рускиот претседател Владимир Путин, во која тој вели дека словенското писмо дошло во Русија од македонските земји.

На 1 октомври бугарското собрание со 73 гласа „за“, 4 „против“ и 34 „воздржани“ го усвои во прво читање предлогот на коалицијата „Обединети патриоти“ предводена од ВМРО-БНД на вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов, која е дел од владата на Борисов, за преименување празникот 24 Мај.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Лавина во Словенија, исчезнати се тројца хрватски планинари

За 24 часа Израел изврши 93 напади врз Појасот Газа, најмалку 70 загинати

Грета Тунберг „влечена по земја“ и „принудена да го бакне израелското знаме“ – сведоштва на активисти по акцијата во Газа