Утрински Весник
Магазин

Карман Ли открива дека 10-годишната романса со постар бизнисмен ѝ остави лузни и дека оттогаш е сингл

Карман Ли открива дека 10-годишната романса со постар бизнисмен ѝ остави лузни и дека оттогаш е сингл

Врските се тешки, па дури и славните кои се чини дека имаат сè што треба – убав изглед, пари, слава и успешна кариера – страдаат од скршено срце.

Една од многуте селебрити-личности која доживеала фијаско во љубовта е Карман Ли, најпозната по улогата на малата змејка, во драмата за боречки вештини „Враќањето на хероите на Кондор“.

54-годишната актерка од Хонг Конг неодамна објави нова книга во која детално се опишани нејзините минати романси, со посебен акцент на таа со еден богат бизнисмен, пренесува „Ориентал дејли њуз“.

10-годишната врска била сè освен слатка. Карман призна дека била длабоко повредена во романсата со разведен човек постар од неа 20 години, дури и страдала од депресија откако се разделиле. Ѝ требале пет години за да се врати во нормала и да продолжи понатаму.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Специфични пет прашања околу тоа како детето си поминало на училиште

Бубрег од свиња пресаден кај Американец функционирал рекордни 271 ден

Изложба на олдтајмери во Кавадарци, најстарото возило е 98 години