Утрински Весник
Магазин

Кралско бебе е на пат, откри таткото Мајк Тиндал

Кралско бебе е на пат, откри таткото Мајк Тиндал

После навистина турбулентна година, најавата за кралско бебе ги развесели Британците.

Зара Тиндал, внуката на кралицата Елизабета Втора и ќерка на принцезата Ана, е подготвена да го дочека новото засилување на кралското семејство во 2021 година.

Веста дека Зара е бремена со своето трето дете ја откри сопругот Мајк Тиндал, кога говореше на спортски подкаст за рагби.

Во текот на подкастот, Мајк рече: „Ова беше добра недела за мене, минатата недела направивме некои прегледи – третиот Тиндал е на пат“.

Двојката има две ќерки, Лена Елизабет се роди во 2018 година а постарата, Миа Грејс, во 2014 година.

Портпарол на Зара изјави дека парот е многу среќен.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Денеска е Меѓународен ден на писменост, 739 милиони возрасни лица немаат основни вештини

Специфични пет прашања околу тоа како детето си поминало на училиште

Бубрег од свиња пресаден кај Американец функционирал рекордни 271 ден