Утрински Весник
Свет

Рекорден број на нови случаи на коронавирус во Јапонија

Рекорден број на нови случаи на коронавирус во Јапонија

Во Јапонија се регистрирани 2.810 нови случаи на заразени со коронавирус, што е рекорден број на нови инфекции од почетокот на пандемијата, објави јапонското Министерство за здравство.

Уште 45 лица починале, со што вкупниот број на смртни случаи во Јапонија достигнал 2.478, пишува „Си-ен-ен“.

Министерството, исто така, објави зголемување на бројот на заразени пациенти приклучени на апарати за дишење, кои во моментов се 555.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Речиси 1.000 апсења низ цела Франција по судирите на демонстрантите со полицијата

Белгород погоден од украински беспилотни летала – еден убиен, 14 ранети

Хаос во Барселона: Ограбени и запалени дуќани, над 100 уапсени