Утрински Весник
Македонија

Приведен сопственик на угостителски објект во тетовско, работел по дозволеното време

Приведен сопственик на угостителски објект во тетовско, работел по дозволеното време

Сопственик на угостителски објект во тетовското село Пирок, доцна синоќа бил приведен бидејќи работел по дозволеното работно време, соопшти МВР.

„ Полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода М.Ј.(50) од с.Пирок, тетовско бидејќи во угостителски објект во негова сопственост во с. Пирок, имало гости и работел по дозволеното време, односно не ги почитувал мерките за справување со ширењето на коронавирус.

По целосното документирање на случајот на М.Ј. ќе му биде изготвен соодветен поднесок за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, согласно член 206 од Кривичниот законик.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Лекарска комора: 70% од докторите се соочиле со насилство на работното место

На ГП Блаце спречен обид за криумчарење 120 килограми тутун за наргиле

Вечерва во „Ноќно студио“: Системот против семејното насилство