Утрински Весник
Свет

На Британците им е забранет влез во Европската Унија од 1 јануари

На Британците им е забранет влез во Европската Унија од 1 јануари

На британските туристи ќе им биде забранет влез во Европската Унија поради сегашните ограничувачки мерки поради коронавирусот.

Европската комисија посочи дека Велика Британија нема да биде исклучок, пренесува „Гардијан“.

Само неколку земји со ниска стапка на инфекција со коронавирус се ослободени од правилата што забрануваат влез на посетители кои не се од голема важност надвор од ЕУ и Европската економска област (ЕЕА) – а Британците можат да патуваат само до крајот на преодниот период на Брегзит, односно до 31 декември.

Во октомври, членките на ЕУ се согласија да го усвојат предлогот да им се дозволи на граѓаните на земјите со ниска стапка на инфекција да влезат во Унијата, вклучувајќи ги Австралија, Нов Зеланд и Јужна Кореја.

Портпаролот на Европската комисија изјави дека не се планира списокот да се прошири со Велика Британија.

„Оваа одлука ќе треба да ја донесе Европскиот совет“, рече портпаролот.

Што се однесува до земјите кои се во системот на Шенген, Норвешка исто така најави дека ќе забрани влез на британски туристи, пишува „Фајненшл тајмс“.

„Изедначувањето на британските туристи со земји што не се членки на ЕУ, како што се Албанија и Турција, доаѓа како можна последица од недостаток на договор со ЕУ за Брегзит. Сепак, членките на ЕУ, во теорија, можат да ги надминат одлуките на Европскиот совет, доколку сакаат”, стои во текстот на „Гардијан“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Новиот Ирански врховен лидер, Моџтаба Хамнеи, вети одмазда за жртвите од војната

Шикорски: Полска нема да им даде на САД бази за напади врз Иран, ниту ќе испрати војници

Фидан: Турција нема да дозволи планови за поттикнување граѓанска војна во Иран