Утрински Весник
Спорт

Ретка сцена – Меси му го бара дресот на Буфон (фото)

Ретка сцена – Меси му го бара дресот на Буфон (фото)

Лионел Меси синоќа на мечот на „Ноу Камп“ меѓу Барселона и Јувентус не успеа да го совлада италијанскиот чувар на мрежата, Џанлуиџи Буфон (42). По последниот судиски свиреж и трите бода за „Старата дама“, на тревникот се случи ретка сцена, интересен детал.

Меси, од кого најчесто се бара да го смени својот дрес, сега се најде во за него невообичаена ситуација. Тој беше оној кој побара да ги сменат дресовите, со голманот на Јуве.

Аргентинецот му пријде на Буфон и побара размена, но тоа е доказ колку Меси го почитува Италијанецот.

> Ретка сцена – Меси му го бара дресот на Буфон (фото) <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Русија се враќа на светските првенства во хокеј на мраз

Мбапе: Петте победи на Реал по ред не значат ништо, сакаме да победиме на секој натпревар

Ел Класико вечерва на „Камп Ноу“: Барселона за поголема предност, Реал за враќање во трката