Утрински Весник
Свет

(Видео) Големи поплави во Далмација, куќите под вода

(Видео) Големи поплави во Далмација, куќите под вода

Веќе трет ден силен медитерански циклон влијае на временските прилики на целиот Јадран. Нискиот притисок на воздухот предизвика циклонска плима, така што нивото на морето денес е за неколку десетици сантиметри над нормалното, пишува „Далмација денес“.

Поплавени се Каштелите и Трогир.

Хрватскиот град Вргорац, во Сплитско-далматинската Жупанија, беше поплавен по обилните дождови, како и околината.

Патиштата се под вода во Вргорац, а загрозени се и куќите, ситуацијата се влошува од час во час, а врнежите се најавени и во наредните денови.

Локалните медиуми јавуваат дека локалното население спасува се што може да се спаси од куќите и градат „зајачки насипи“.

Во тоа им помагаат членови на хрватската горска служба и работници од „Водопривреда“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: САД и Иран можат заеднички да ја обезбедуваат Ормуската Теснина

Ердоган и Трамп разговараа за примирјето на Блискиот Исток

САД и Русија со рекорден извоз на течен гас за Европа